НБМ предупредува на зголемени ризиците за македонската економија

Од:

Ризиците за македонската економија првенствено се поврзани со натамошното продолжување и можното продлабочување на должничката криза во евро-зоната, што би се одразило врз идната динамика на домашната економска активност, се вели во соопштението на НБМ.

Засега, ефектите врз домашната економија од обновувањето на проблемите со должничката криза во евро-зоната и влошените економски изгледи на глобален план се ограничени на реалниот сектор.

Девизните резерви и понатаму ја следат очекуваната патека и се одржуваат на соодветното ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуални неповолни шокови, при што останува потребата од натамошно претпазливо водење на монетарната политика и соодветни промени во монетарните услови, доколку е тоа потребно, велат од НБМ.

Вкупните средства на финансискиот систем во 2011 година, пораснале за 9,2 отсто, при раст на речиси сите негови сегменти. Ризикот од меѓусекторската поврзаност и можност за зараза преку прелевање на ризиците од еден во друг институционален сегмент во Македонија е ограничен.

Банкарскиот сектор, со учество од 88,6 отсто во активата на финансискиот систем, е носител на финансиската стабилност во државата. Банките, во услови на зголемените ризици коишто доаѓаат од поширокотo опкружување, се покажаа исклучително внимателни во своите активности.

Банкарските активности минатата година растеле со забавено темпо во однос на претходната година, но нивното учество во бруто домашниот производ на земјата се зголеми. Стабилноста на банкарскиот сектор се потврдува и со целосната покриеност на нефункционалните кредити со издвоена исправка на вредноста, со неговата висока ликвидност и висока и стабилна солвентност, информираат од НБМ.

Би можело да ве интересира

Крстевска: Разликата меѓу нашата инфлација и ЕУ инфлацијата е одраз на домашни структурни фактори

Комитет за финансиска стабилност: Граѓаните да бидат мирни, банките се стабилни

Жарко Настоски

НБРМ донесе повеќе одлуки за унапредување во управувањето со активата во банкарските биланси

Емир Латифовиќ

Седница на Советот на НБРМ

Емир Латифовиќ

НБМ: Македонските банки би издржале и најлоши сценарија

Ана Ололовска