Народна банка: Привремено олеснување на финансискиот товар на граѓаните и компаниите корисници на кредити

Од:

Советот на Народната банка одржа вонредна електронска седница на која донесе регулаторни измени насочени кон привремено олеснување на финансискиот товар на граѓаните и компаниите корисници на кредити коишто веќе се соочуваат или во наредниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во подмирувањето на своите обврски кон банките и штедилниците, предизвикани од состојбата со коронавирусот.

„Со донесените измени им се дава дополнителен регулаторен простор на банките и штедилниците да им понудат поповолни договорни услови за постојните кредити на оние кредитокорисници – физички и правни лица, коишто пред 29 февруари 2020 година немале проблем со отплатата, односно нивните кредити не биле класифицирани како нефункционални, а во претстојниот период би можело да се соочат со реални потешкотии во подмирувањето на своите обврски“, се вели во соопштението на НБРМ.

Поконкретно, измените значат поголема флексибилност на банките и штедилниците при промена на договорните услови за отплата на кредитите во поповолна насока за клиентите, во зависност од процената на потребата и финансиската способност на секој поединечен кредиторокорисник.

Поповолните услови може да значат привремено одлагање на обврската за плаќање (грејс период), пролонгирање на рокот на достасување, пониска каматна стапка, одобрување на нов поповолен кредит за затворање на постоечкиот и сл., со што се овозможува намалување на тековниот товар на граѓаните и компаниите во справувањето со негативните притисоци од пандемијата. 

„Истовремено, со регулаторните измени се олеснува и условот за класификација на одреден кредит како нефункционален. Наместо тековниот пристап согласно со кој банките и штедилниците имаат обврска како нефункционални да ги евидентираат кредитите кои се со задоцнување подолго од 90 дена, сега критериумот за премин во нефункционално побарување се поместува на 150 дена. Притоа, овој третман банките и штедилниците исто така ќе можат да го применат само за оние кредитокорисници кои до крајот на февруари 2020 година не се соочувале со проблеми во отплатата. Ова регулаторно олеснување е исто така од привремен карактер и најдоцна до 31 декември 2020 година, банките и штедилниците ќе имаат обврска целосно да се прилагодат на постојните критериуми за утврдување нефункционални кредити“, стои во соопштението.

 Во моментов се утврдува и процедура за комуникацијата на клиентите со банките и штедилниците во врска со промената на договорните услови за кредитите, за да се овозможи таа да се одвива на начин со којшто навремено ќе се одговори на сите барања на граѓаните и компаниите коишто имаат потреба од тоа, и притоа да биде заштитено јавното здравје, велат од Народната банка.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

Девизните резерви на крајот на февруари 4,28 милијарди евра

Се одржа јубилејната 50. сесија на Клубот на истражувачите

Надворешниот долг е зголемен за 305 милиони евра во последните три месеци од 2023 година

Орце Костов

Просечната каматна стапка на вкупните кредити во јануари зголемена, кај депозитите намалување на месечно ниво

Девизните резрви на крајот на јануари 4,33 милијарди евра