Најбогатиот Словенец според „Форбс“: Успехот и парите не се мерат со должина на јахта

Од:

Санди Чешко, најбогатиот словенец според листата на Форбс, тежок е околу 410 милиони евра, а стилот на животот му е како обичен службеник. Тој е еден од ретките богаташи на Балканот кој нема јахта, викендица или скап часовник. Чешко нема дури ни секретарка во канцеларијата и сите обврски ги завршува сам.

Бизнисот го започна со „Космодиск“, а денес е крал во произведување на душеци и перници „Дормео“. Неговиот „Топ – шоп“ е најголема фирма за ТВ- продавање во повеќе од 20 земји во Европа. Сопственикот на оваа империја, кој е втор на листата на најбогати Балканци на Форбс, никогаш се нема замислено да одмора на сопствена јахта, бидејќи како што вели, има многу повеќе идеи отколку пари.

– Моето его се задоволува со самото тоа што сум меѓу најдобрите, ако не и најдобар во тоа што го работам. Луѓето се во заблуда дека успехот се мери со должина на јахта, објаснува Чешко.

Најбогатиот Словенец сам одговара на телефонските повици, самиот резервира хотели и авионски карти на интернет, а преку електронска пошта комуницира со бизнис – партнерите.

– Секретарката секогаш ме кочеше во работата, додека чај или кафе можам да направам сам. Во денешно време, клучна е блиската комуникација со соработниците, вели Чешко.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Форбс: Светските милијардери помлади од 30 години го наследија своето богатство