Најбогатиот Французин неодамна стана уште побогат

Од:

Најбогатиот Французин Бернар Арно, шеф на францускиот концерн за производство на скапоцена стока „Луј Витон Мое Хенеси“ (ЛВМХ), го зголеми минатата недела своето богатство за осум милијарди долари, во период на пораст на цената на акциите, пишува „Форбс“.

Со тоа вкупното богатство на Арно изнесува 122 милијарди долари, но „Форбс“ напоменува дека таквите промени на неговото салдо не значат дека состојбата во компанијата се движи кон подобро.

Имено, Луј Витон, компанијата која ги поседува брендовите Bvlgari, Guerlian и Dom Perignon, соопшти дека намалувањето на добивката изнесува 21 отсто во првите девет месеци од годинава.

Приходот од продажбата на козметика, пијалак, накит и малопродажбата во третото тримесечие, бил помал отколку во истиот период минатата година. Меѓутоа, добивката од продажба на кожна галантерија и облека се зголемила 12 отсто, најмногу благодарејќи на силната продажба од модните куќи Луј Витон и Диор.

Би можело да ве интересира

Ле Пен повикува на востание

Жан-Ноел Баро: Франција нема да се двоуми повторно да воведе санкции врз Иран

(ВИДЕО) Хорор во џамија во Франција: Го избодел 50 пати, снимал и праќал на колеги

(ВИДЕО) Инцидент во Франција: Ученик избодел соученици, најмалку едно лице е убиено, четворица се тешко ранети

На делегација на француски левичарски функционери им е забранет влез во Израел

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето