Награда за ОНЕ за најдобра комуникација со своите фејсбук фанови

Од:

Телекомуникацискиот оператор ОНЕ доби награда за „социјално посветена” компанија од светски најпознатиот сервис за фејсбук аналитика, Соушлбејкерс.

Како што соопшти компанијата, наградата е доделена врз основа на податоците кои овој сервис ги обработил за третиот квартал од 2012 година.

Соушлбејкерс е платформа за анализа на социјални медиуми која им овозможува на брендовите ширум светот да го мерат успехот од нивните кампањи на социјалните медиуми, но и да го споредуваат со нивните конкуренти.

Наградата на ОНЕ се доделува за исклучителен перформанс во делот „комуникација со корисници” на Фејсбук фан страницата на компанијата. ОНЕ во третиот квартал од 2012 одговорил на повеќе од 90 отсто од сите поставени прашања, коментари и објави. Најголем процент од прашањата, дури 45 проценти, се одговорени во првите 10 минути.

– Ние во ОНЕ, особено тимот кој работи на социјалните медиуми, сме исклучително горди на оваа награда, дополнително и поради фактот што ОНЕ е единствениот локален бизнис субјект кој го добива ова престижно признание. Социјалните медиуми одамна веќе не се „нови медиуми”. Тие се нужна потреба и најдобриот начин за транспарентна и интерактивна комуникација со корисниците, смета генералниот извршен директор на компанијата Цирил Кафол.

Статистиката на Соушлбејкерс покажува дека стапката на конверзација на Фејсбук фан страницата на ОНЕ бележи пораст и истото изразено во проценти за последниот квартал од годината изнесува рекордни 97 отсто.

ОНЕ е првата македонска компанија која ја доби оваа престижна награда имајќи го во предвид огромното значење на социјалните медиуми за бизнисот и брендовите.

Од своето основање во 2008 година, Соушлбејкерс успешно работи преку своите канцеларии во Прага, Минхен, Лондон, Париз и Сан Франциско и претставува  единствената платформа која на глобалните индустрии им овозможува компаративни анализи и локална категоризација во социјалните медиуми. Поврзана е со клучните социјални медиуми и дигитални компании Твитер, Фејсбук, Јутјуб, ЛинкедИн и Гугл, опслужува над 1.000 клиенти во повеќе од 75 земји во светот.

Би можело да ве интересира

На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Ана Ололовска

A1 Македонија ќе ги доставува месечните сметки електронски до корисниците

Ана Ололовска

Вестагер: Нокиа и Ериксон да одговорат дали се за продажба

Предраг Петровиќ

Во првиот квартал 1,9 милиони претплатници во мобилната телефонија

Ана Ололовска

Во мобилната телефонија 1,969 милиони претплатници

Ана Ололовска

Најинтересните карактеристики на Самсунг Галакси Ес10, Галакси Ес10 + и Галакси Ес10e

Сандра Бошковска