МФ: Награда за медицинските лица, средства за вакцини и државната гарантна шема обезбедени со прераспределба во Буџетот

Од:

Средства за еднократен надомест за сите медецински лица и помошен персонал во болниците кои ги третираат заболените од Ковид, како и средства за набавка на инсулин и набавка на вакцини за Ковид се обезбедуваат со дел од средствата од пренамената во буџетот за годинава во вкупен износ од 1,3 милијарди денари, која денеска беше одобрена од страна на Собранието. Исто така, со пренамената обезбедени се средства за Гарантниот фонд, за исплата на државна помош по основ склучени договори, како и за купување на зградата од ПУИГ.

-Со оваа одлука ќе се постигне повисок степен на реализација на Буџетот, а ќе се даде и поддршка на најприоритетните области во време на ковид – здравството и приватниот сектор, истакнува министерот за финансии Фатмир Бесими.

Со пренамената во областа на здравството се обезбедија дополнителни 384 милиони денари, од кои 184 милиони за подмирување на обврски на јавните здравствени установи, 82 милиони денари за набавка на инсулин и вакцини против коронавирусот, како и 117 милиони денари за исплата на еднократен паричен надомест за медицински лица и помошен персонал ангажирани за третман на пациенти заболени од Ковид.

За поддршка на развојот, преку гарантирање на кредити за обртни средства и на кредити за основни средства одобрени од страна на банки и штедилници – Гарантен фонд со прераспределбата обезбедени се 90 милиони денари.

Обезбедени се и 620 милиони денари за купување зграда од акционерското друштво за стопанисување со станбен простор-ПУИГ, а со цел да се избегнат трошоците за закупнини и да се реши проблемот со сместување на вработените од државните органи.

Обезбедени се и 90 милиони денари за постигнување и одржување на поголем степен на програмски и техничко-технолошки развој на јавниот радиодифузен сервис, како и 135 милиони денари за исплата на државна помош по основ на склучени договори.

Би можело да ве интересира

МФ: Усвоен Буџетот за 2024 во Собранието, носи инвестиции, развој и одржливост

Пренџов: 20 години ДУИ ги поддржува сите буџети на државата, пари за автопати, мостови и граѓаните нема, ама за бизнисите на челниците на ДУИ има

Горан Наумовски

Собранието го донесе Буџетот за 2024 година

Горан Наумовски

Втор ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов

Расправа за Дополнетиот предлог буџет за 2024, економскиот раст проектиран на 3,4 проценти, инфалацијата на 3,6