Украинската компанија „Нафтогаз“ на својот сајт информира дека на руски „Газпром“ му префрлила 1,65 милијарди долари од својот долг за старите испораки на гас, пренесе ТАСС.
На овој начин, согласно договорот постигнат во Брисел, „Нафтогаз“ во две транши исплати 3,1 милијарди долари за добиените 11,5 милијарди кубни метри гас, испорачани од „Газпром“ во текот на ноември-декември 2013 година и април-јуни 2014 година.
Првото плаќање во износ од 1,45 милијарда долари беше извршено на 4 ноември.
„Газпром“ и „Нафтогаз“ во октомври постигнаа договор за обновување на испораките на руски гас за Украина, под услов „Нафтогаз“ да врати 3,1 милијарди долари од својот долг.