Нафтените пазари балансираат меѓу европскиот оптимизам и силната понуда

Од:

Цената на нафтата балансираше во вторникот на светските берзи меѓу оптимистичките европски економски податоци и очекувањата за договор на Грција со кредиторите и загриженоста проади прекумерното снабдување.

На лондонската берза цената на нафтата остана речиси непроменета во однос на претходното затворање и изнесуваше 63,44 долари по барел. Значителна промена во однос на претходното затворање немаше ниту на американската берза, каде со барелот се тргува по 60,24 долари.

На почетокот на тргувањето расположението беше под влијание на континуираната загриженст поради прекумерното снабдување, притиснувајќи ги цените, за да потоа вниманието се насочи на позитивните економски податоци од Европа. Така индексот на менаџери за набавка за еврозоната кој го изработува лондонската копанија Markit порасна во јуни на 54,1 поен, сигнализирајќи најсилен еконоски раст за речиси четири години.

Притоа францускиот производствен сектор забележа раст на активностите прв пат од минатогодишниот април, додека активностите во Германија забрзаа во однос на претходниот месец.

Податоците од Франција и од Германија покажуваа траги на живот во европската економија, иако цената на нафата поради обилното снабдување веројатно уште некое време ќе бидат ниски“, толкува Мајкл Хјусон од CMC Markets.

На добрите економски податоци од Европа се надоврза и оптимизмот во поглед на шансите за договор на Грција со кредиторите со кој, како што многумина оценуваат, се отстрани заканата за излез на Грција од еврозоната. Таквите очекувања ги поттикнаа европските берзи на акции кои остигнаа највисоко ниво за три недели, наведува Reuters.

Нафтените пазари, пак, денеска дополнителна поддршка црпеа од очекувањата за продолжен пад на залихите во САД, во пресрет на денешната објава на неделниот извештај на АМериканскиот институт за нафта (АПИ). Аналитичарите во анкетата на Reuters во просек очекуваат извештајот да покаже пад на залихите на нафта во минатата недела за 1,8 милиони барели.

Американската лада официјални е податоци ќе ги објави во среда.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата