Нафтениот гигант БП вложува милијарда долари во струја од ветерници

Од:

Вашингтон 10 септември 2020 (МИА) – Британската нафтена компанија „БП“ денеска објави дека влегува во крупен проект за развој на ветрени електро-станици развивани од норвешката енергетска компанија „Еквинор“.

Спогодбата налага „БП“ да вложи 1,1 милијарда долари за 50 отсто удел во проектот, што е најзначајна сума на „БП“ досега инвестирана во областа крајбрежна ветерна енергија.

Ветерните фарми „Еквинор“ ги развива во морските води на САД, недалеку од крајбрежјето на Њујорк и Масачусетс, фармите се поставени на две локации.

Првата, наречена Empire Wind, е на површина од 320 квадратни километри на која се планира инсталација на 60 до 80 турбини. Проектната моќност на таа ветерна фарма ќе биде до 2 Гигавати. Производството на електрична енергија ќе започне од 2025 година. Површината на втората фарма, Beacon Wind, е поголема и изнесува 500 квадратни километри, со проектна моќност од 2.4 ГВт.

-Ова е важен чекор во рамките на нашата нова стратегија за трансформација во интегрирана енергетска компанија. Светскиот пазар на ветерна енергетика расте приближно 20 отсто на годишно ниво. Оваа област веќе е призната како најважен инструмент за решавање на глобалните цели за намалување на издувните гасови, изјави Барнард Луни, првиот човек на „БП“.

Би можело да ве интересира

Европската инвестициска банка нема да инвестира во плински наоѓалишта, туку само во обновлива енергија

А1он

Домашни банкари ќе вложат 60 милиони евра во приватен ветерен парк во светиниколско

Жарко Настоски

„БП“ го продава сиот имот на Аљаска

Ана Ололовска

АД ЕЛЕМ подготвен за втората фаза од Ветерен парк „Богданци“

Наум Локоски

Процесот во САД против БП за нафтената дамка во Мексиканскиот залив во фаза на одредување казна

Ана Ололовска

Ќумурцидис: Ветерниот парк „Богданци“ пример што треба да го следат земјите од регионот

Емир Латифовиќ