Ќумурцидис: Ветерниот парк „Богданци“ пример што треба да го следат земјите од регионот

Од:

Ветерниот парк „Богданци“ е добар пример за регионот, смета Михалис Ќумурцидис, директор за производство на електрична енергија во Сименс – Грција, доставувач на опремата за ветерниот парк.

– Само што ја финализиравме првата фаза од ветерниот парк „Богданци“ во Македонија. Проектот го реализиравме заедно со ЕЛЕМ во средината на кризата во Југоисточна Европа што сметам дека е особено важно. Верувам дека е пример што ќе го следат и земјите од регионот, изјави Ќумурцидис на саемот „Пауер Џен Јуроп“ во Келн.

Тој очекува многу скоро да започне и втората фаза од проектот ветерен парк „Богданци“.

– Штом ЕЛЕМ е задоволен од сработеното очекуваме наскоро да почне и реализацијата на втората фаза од која исто така очекуваме добри резултати, потенцира Ќумурцидис.

Изградбата на ветерниот парк „Богданци“ започна лани во мај, а во првата фаза се реализирани 16 ветерници со капацитет од 36,8 мегавати. Во втората фаза е предвидено да се доизградат уште шест ветерници со што моќноста ќе достигне до 50 мегавати.

Во поблискиот регион нема ветерен парк што го изградила државна компанија иако има многу проекти за тоа. Единствено во Хрватска има неколку помали ветерни електрани реализирани од приватни субјекти.

Би можело да ве интересира

Европската инвестициска банка нема да инвестира во плински наоѓалишта, туку само во обновлива енергија

А1он

Домашни банкари ќе вложат 60 милиони евра во приватен ветерен парк во светиниколско

Жарко Настоски

Нафтениот гигант БП вложува милијарда долари во струја од ветерници

Жарко Настоски

АД ЕЛЕМ подготвен за втората фаза од Ветерен парк „Богданци“

Наум Локоски

Ветерниците во Богданци ќе снабдуваат еден поголем град со енергија

Емир Латифовиќ

Пешевски на увид на текот на реализацијата на проектот ветерни електрани

Емир Латифовиќ