Нафтата поскапе по веста за иранското соборување на американско беспилотно летало

Од:

Цената на нафтата се зголеми за околу три отсто поради ескалација на тензиите на Блискиот Исток откако еден американски официјален претставник изјави дека иранската ракета соборила американски воен дрон.

Дрон е соборен во меѓународниот воздушен простор над Ормускиот Проток од иранска ракета „земја- воздух“, изјави неименуван американски официјален претставник.

Во претходните извештаи од Иран се наведува дека Националната револуционерна гарда соборила „шпионски” дрон во јужната покраина Хормозган.

Стравот од конфликт меѓу Иран и САД ескалира, а Вашингтон го обвини официјалниот претставник на Техеран за минатонеделниот напад врз танкерите, што Иран остро го негираше.

Сето ова предизвика цената на суровата нафта од типот „брент“ да се зголеми за 1,93 долари или 3,1 отсто на 63,75 долари за барел, откако во еден момент достигна 63,88 долари.

Во исто време, американската „лесна“ нафта (ВТИ) поскапе за 1,73 долари или 3,2 отсто на 55,49 долари за барел.

Би можело да ве интересира

Иран го чека тајното писмо од Трамп

„Њујорк Тајмс“: Трамп ја загрозува целта да се спречи развојот на иранската нуклеарна програма

Иран: Ќе размислиме за разговори со САД освен ако тие не сакаат да ја уништат нашата нуклеарна програма

Иранскиот врховен лидер остро му одговори на Трамп

Нови цени на горивата

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтер го погоди Иран