Нафтата поевтини поради успорувањето на индустриското производство во Кина

Од:

Нафтата денеска поевтини на светските берзи како последица на информациите за успорување на растот на индустриското производство во Кина,

Американската „лесна“ нафта за испорака во април на електронските тргувања пред отворањето на Њујоршката берза, поевтини за 20 центи на 91,75 долари за барел, додека цената на европскиот „брент“ од Северното Море се намали за 37 центи на 110,48 долари за барел.

Врз падот на цената на нафтата влијаеја економските податоци од Кина кои покажаа дека во првите два мееци од годинава индустриското производство во земјата е зголемено за 9,9 отсто, за разлика од 11,4-те проценти забележани во истиот период лани.

Аналиитичарите оценуваат дека на берзите постои стравување дека успорувањето на растот на кинеското индустриско производство ќе резултира и со намалена потрошувачка на енергенси во Кина.

На падот на цената на нафтата влијаеја и информациите за раст на нафтените резерви и за пад на стапката на невработеност во САД, но и зајакнувањето на вредноста на американскиот долар.

Би можело да ве интересира

Цените на нафтата пораснаа, неизвесната ситуација на Блискиот Исток ја зголемува загриженоста

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата пораснаа, доларот нагло падна

Доларот на највисоко ниво во последните пет месеци, раст на цената на нафтата

Катерина Ѓуровски

Цените на нафтата на највисоко ниво во последните пет месеци

Скок на цената на нафтата, се намали вредноста на златото

Катерина Ѓуровски

Паднаа цените на нафтата