Надворешниот долг на Албанија достигна 5,33 милијарди евра

Од:

Надворешниот долг на Албанија на крајот од март достигна 5,33 милијарди евра, што претставува зголемување за пет отсто, покажуваат податоците на Централната банка на Албанија.

Долгот на албанската Влада изнесува 2,28 милијарди евра и е повисок за 2,4 отсто во споредба со крајот на 2012 година. Во растот на надворешниот долг големо влијание има приватниот сектор, односно кредитите земени надвор од земјата од странски компании.

– Долгорочниот надворешен долг на Албанија изнесува околу 3,5 милијарди евра. Само во текот на првите три месеци од годинава

Владата се задолжи во странство со 570 милиони евра за секторите енергетика, урбана и рурална инфраструктура, водовод и канализација, здравството, за животната средина и за развој на приватниот сектор, стои во извештајот на Банката.

Она што посебно паѓа в очи е фактот што Владата, за разлика од минатата, оваа година не зела кредит за образованието, а веќе две години не се задолжила за земјоделството.

Би можело да ве интересира

Рама: На 11 мај минува историскиот воз за приклучување на Албанија во ЕУ во оваа деценија

А1он

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин