Над сто милијарди евра повлечени од грчките банки

Од:

Над сто милијарди евра биле повлечени од депозитите во грчките банки од почетокот на крзата до сега, што го довел банкарскиот систем до хеморагичен шок, пишува грчкиот весник „Имерисија“.

На почетокот на кризата банкарските депозитите на Грците изнесувале 235 милијарди евра, а потоа таа сума се намалила на 133 милијарди.

Само во февруари оваа година од банките биле повлечени над седум милијарди евра, најмногу поради стравот, кој настапил пред спогодбата со кредиторите  на 20 февруари, а исто така и од стравувањата дали и воопшто таква спогодба ќе има.

Голем дел од влоговите биле изнесени во странство, друг дел граѓаните чуваат во домовоите, додека значителен дел граѓаните го користеле за задоволување на итни потреби.

Би можело да ве интересира

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски

Маринакис: Постои само едно толкување на ерга омнес

Катерина Ѓуровски

Грчки медиуми: Владата на Мицкоски доби доверба од Собранието – положи заклетва под уставното име

Мицкоски трипати ја нарече неговата земја „Македонија“ пишуваат грчките медиуми

Пеколен одмор во Грција: Се повеќе мртви туристи, температура над 45 степени

Предраг Петровиќ

Жена почина во Полихроно: Во несвестна состојба била извлечена од морето