Владата на Република Македонија ќе добие 35,5 милиони евра од дивидендата од Македонски телеком за 2012 година.
Македонската Влада поседува 38,68 проценти од акциите во оваа компанија.
Одлуката за исплата на дивиденда за 2012 година во вкупен износ од 5.646.607.282 денари или 91,8 милиони евра е донесена на денешната седница на Годишното собрание на Телеком. Исплатата на дивидендата ќе се изврши во периодот помеѓу 17 и 30 април.