Над 2.000 пријавени на огласот на Владата за раководни функции во државни институции

Од:

Над две илјади кандидати аплицирале на повикот за пријавување на интерес за ангажирање лица на раководни позиции во државната управа што го објави Владата.

Во изјавата за медиумите дадена по повод заокружување на првата фаза од спроведување на повикот, владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев изјави дека пристигнатите апликации говорат дека огласот наишол на добар интерес и ги остварил целите за транспарентност на Владата.

– Од поднесените документи може да се види дека лицата кои аплицирале во најголем дел ги поседуваат бараните перформанси – стручност на високо ниво и образовно ниво на повисок степен. Сето  тоа дава до знаење дека тие може да извршуваат раководни задачи во државната администрација. На овој начин Владата ја демонстрираше политиката на отворена врата која е позитивно прифатена од граѓаните кои ја препознаа оваа можност која им се нуди, рече Ѓорѓиев.

Тој нагласи дека поединечно по позиции постои повеќекратен интерес за сите објавени раководни места што создава силна конкурентска основа.

Најголем интерес имало за позицијата заменик-директор во Агенцијата за привлекување странски инвестиции, како и за директорските места во Државната лотарија, Агенцијата за млади и спорт и Државниот инспекторат. Кандидатите покажале заинтересираност и за енергетските компании, како и за позицијата директор на „Македонски шуми“.

Околу 700 апликации пристигнале за позициите од областа на меѓународната и надворешна политика, односно за 19 огласени амбасадорски места и три конзулски. Притоа водат позициите за амбасадор во Белград со 110 пријавени кандидати, за Подгорица 98, а во просек по 70 лица конкурирале за генерални конзули во Венеција, Њујорк и Детроит.

Голем интерес бил пројавен и за шесте позиции советници на премиерот со просек од 70 кандидати по позиција, односно над 400 лица.

Помал број апликации се пристигнати во областа на позициите во здравството што, според Ѓорѓиев, е разбирливо бидејќи за овие работни места потребни се стручни и потесни квалификации од областа на медицината и менаџмент.

По првата фаза ќе следи формирање на стручни комисии и тимови кои ќе ги разгледаат апликациите, а предвидени се и директни разговори со лицата што ќе бидат ставени во потесен избор. При потесниот избор на кандидатите можно е да бидат вклучени и надворешни експерти, како експерти од странство за да бидат избрани најдобрите кандидати.

Ѓорѓиев подвлече дека по успешниот одѕив на овој, Владата размислува да објави уште еден оглас во кој ќе бидат вклучени раководни позиции во државни институции кои не биле опфатени во првиот. Се очекува најголем дел од огласените позиции да бидат пополнети во текот на летото, а целосно да се заокружи до крајот на годината.

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов