На трпезата се помалку традиционални млечни производи

Од:

Иако барани на пазарот, традиционалните млечни производи се помалку ги има, а некои одамна исчезнаа од нашите трпези. Како што велат од Слоу фуд Македонија, евидентно е и намалувањето на сточниот фонд, на некои видови (водени биволи) и на некои раси (шарпланинска и каракачанска овца).

Според здружението, изумира и традиционалното производство на кашкавал, како и знаењето на мајсторите-мандраџии.

– Во Македонија млекото и преработките од млеко отсекогаш биле значаен производ кој произлегувал од руралните средини, имајќи ја предвид традицијата на одгледување млекодајни животни. Но, се почесто, жителите од неразвиените подрачја ги напуштаат своите имоти и домови во потрага по подобар живот. Така, се намалува бројот на лицата кои се занимаваат со оваа дејност и пасиштата на високите планини остануваат неискористени, посочуваат од Слоу Фуд.

Здружението за утре ја најавува конференцијата „Биодиверзитет на млеко“, организирана во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна.

На агендата се три сесии со повеќе теми, традицијата и сточарството, автохтони  млечни  производи, локални видови и раси на домашни млекодајни животни, актуелни политики за зачувување на  екстензивното  сточарство  во руралните средини, состојба и перспективи, заштита на географското потекло, пристап до пазарите и хигиенската регулатива за традиционалните производства на сирење,…

Прикажан ќе биде документарниот филм „Бито, вечното сирење“, а ќе се презентира и каталогот на македонски автохтони сирења и млечни производи што го изготви Слоу Фуд. Предвидени се и „работилница за вкус“ со дегустација и спарување на македонски сирења со вино, Салон на млечни вкусови и работилница за најмалите кои ќе научат како се прави сирење од млеко.

– Ова е прв поголем настан на кој производителите, експертите, граѓанските организации и претставниците на институциите ќе дебатираат за актуелните прашања околу биодиверзитетот во сточарството,  производството на млеко и преработката, малите семејни фарми и политиките кои го засегаат секторот. Целта е, не само да се поттикне дискусија, туку и да се понудат конкретни  предлози  за  решавање  на проблемите  со  кои  се  се  соочуваат  сите  засегнати  во  синџирот  „од храна до трпеза“, информираат од Слоу фуд.

Конференцијата се одржува по повод утрешниот Светски ден на храната, 16 Октомври, во рамки на кампањата „Да го зачуваме биодиверзитетот на млеко“ и проектот ЕССЕДРА, финансиран од ЕУ.

Затворањето ќе биде со закуска подготвена од готвачите на Слоу Фуд.

Би можело да ве интересира

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

A1on

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија

Војната во Украина ќе предизвика криза со снабдувањето на млеко, предупреди Ковачевски

A1on

„Доаѓа зима, ќе бираме помеѓу студ и глад“: Македонија пред силен бран поскапувања

A1on

Итно се повлекува млекото „МИЗО 2,8%“: АХВ нареди да не се пие и да се врати од каде што е купено

A1on

(ВИДЕО) Внимавајте: Напивка за слабеење, суплементи за црниот дроб, млеко, чоколади – повлечени како небезбедни

Анита Петровска Рајковиќ