На мобилен месечно зборуваме по 3,5 часа, на фиксен половина час

Од:

Според најновите податоци на Агенцијата за електронски медиуми, во првите три месеци од годинава преку мобилен се реализирани 1.338.211.097 минути разговор, или во просек секој од претплатниците зборувал по 702 минути, или 11,7 часа. Кон мрежи во странски држави се реализирани 3.475.486 минути разговор.

Во првиот квартал годинава во државава се евдидентирани 1.897.408 активни претплатници во мобилната телефонија, односно 23 605 помалку споредено со последниот квартал лани.

Според АЕК, во првиот квартал имало 784 055 резиденцијални при – пејд претплатници , 849 936 пост-пејд, како и 263.417 деловни пост-пејд претплатници.

Пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа, според податоците на регулаторното тело, во првиот квартал годинава имале 1 346 214 претплатници

Во вкупниот број активни претплатници во мобилната телефонија во првиот квартал годинава најголем удел има А1 Македонија до 49, 87 проценти, по што следи Македонски телеком со 47,31 процент, а на операторите Лајка мобајл и Роби отпаѓаат 1,96 односно 0,87 проценти од претплатниците.

Уделот на операторите во приходите од обезбедување мобилни комуникациски услуги на малопродажно ниво во првиот квартал годинава, пак, е најголем кај Македонски телеком, којшто учествува со 50,65 проценти, додека А1 Македонија има 48,04 проценти, Лајка мобиле 0,55 проценти, а роби 0,76 проценти.

Од вкупниот број претплатници на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилна мрежа (2G/3G/4G/) во првите три месеци од годинава најголемиот дел отпаѓа на А1 Македонија, 50,33 проценти, по што следи Македонски телеком 47,35 проценти, а Лајка мобиле и Роби имаат по 1,10 проценти, односно 1,22 проценти.

Според податоците за состојбата на пазарот за електронски комуникации во првиот квартал годинава во државава се регистрирани 402.540 фиксни линии, 2.086 повеќе споредено со последниот квартал минатата година кога имало 400.454 такви линии. Во јануари, февруари и март годинава македонските граѓани преку фиксни линии оствариле 39.001.409 минути разговор, од кои кон мрежи во странски држави 894.685 минути. Во сопствена фиксна мрежа македонските граѓани во првите три месеци годинава раелизирале 18.124.336 минути разговор, во сопствена мобилна мрежа 6.601.785, кон други фиксни мрежи во државава 8.597.155, а кон други мобилни мрежи во државава 4.783.448.

Со 53,70 проценти Македонски телеком и натаму е најголем давател на услуги со фиксни телефонски линии, по што следат А1 Македонија со 37,77 проценти, па операторите Роби со 5,20 проценти, Неотел со 2,61 процент и Инфел нет плус со 0,72 проценти.

Би можело да ве интересира

Анализа на АЕК: Недостиг на пазарна конкуренција во мобилната телефонија, влезот ограничен

Горан Наумовски

Во Македонија се помалку се плаќа во кеш: Раст од 20 отсто кај плаќањето преку мобилен

A1on

Основно училиште од Кочани забрани мобилни телефони

Грчка полиција уапси маж кој е осомничен за убиството на навивачот на АЕК

Горан Наумовски

Милиони Австралијци oстанаа без мобилни и интернет услуги

АЕК за транспарентот „Косово е Албанија“: Ќе ги најдеме одговорните