На граѓаните не им се работи во „Бехтел и Енка“: Стигнале само 360 апликации за 2.000 работни места

Од:

Мал е бројот на македонски граѓани кои досега аплицирале за вработување во „Бехтел и Енка“, конзорциумот кој ќе ги гради патните коридори 8 и 10.

Ова го оцени премиерот Димитар Ковачевски од делницата Прилеп-Битола која е дел од коридорото 10д.

– „Бехтел и Енка“ во моментов разгледуваат 360 апликации од македонски граѓани од сите различни профили. И тоа е малку, бидејќи во моментов на конзорциумот му се потребни 2.000 работници – рече Ковачевски.

Тој посочи дека саемите за вработување треба да бидат поттик за сите наши со граѓани, без оглед на возраста, сите оние што се работоспособни и кои сакаат да работат на овој голем проект. До сега саеми за вработување се одржаа во Тетово, Гостивар и во Битола.

„Вакви саеми ќе бидат организирани и во други градови од државата со цел да бидат пополнети со наши македонски работници така како што стои и во договорот“, рече Ковачевски и додаде дека во текот на градбата на автопатските делници, потребата од работници ќе се искачи до 8.000 работници.

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Левица: Историскиот криминал на СДС со „Бехтел и Енка“ ДПМНЕ ќе го реализира со бивши затвореници

Предметот за „Бехтел и Енка“ префрлен во МВР

Горан Наумовски

Мицкоски уште смета дека договорот со „Бехтел и Енка“ е криминален и антидржавен, но прекинот е поштетен

Левица: Со криењето на договорот со Бехтел и Енка ДПМНЕ ги крие криминалите на СДС и ДУИ

СДСМ: За Мицкоски договорот со Бехтел и Енка беше „историски риминал“, а сега е супер

Горан Наумовски