„Мудис“: Помошта од ММФ не гарантира дека земјата ќе може да ги врати долговите

Од:

Државите кои добиваат помош од Меѓународниот монетарен фонд не се автоматски заштитени од неможноста да ги исплатат долговите, се наведува во студијата на Aгенцијата за кредитен рејтинг „Мудис“.

– И покрај солидната поддршка на овие програми, државите кои добиваат помош од ММФ поради долгорочните слабости се изложени на голем ризик да не можат да ги исплатат долговите, посочува „Мудис“ во студијата која се однесува на периодот од 1983 до 2012 година и со која се опфатени 168 држави од кои 114 добиле помош од ММФ.

Агенцијата посочува дека 16,4 отсто од тие држави не биле во можност да ги исполнат должничките обврски пет години по добивањето на помош од ММФ.

– Половина несолвентни држави од 1983 година претходно добиле програми за помош од ММФ, наведува „Мудис“, додавајќи дека не практикува да дава оценка за кредитната способност на некоја држава откако истата ќе добие помош од ММФ.

Агенцијата како пример ја наведува Аргентина, која кон крајот на 2001 година морала да се откаже од враќањето на долгот на голем број кредитори, а претходно неколку години добивала финансиска помош од ММФ.

Во студијата се истакнува дека поголемиот број на држави поддржани од ММФ не станале несолвентни, иако многу од нив немаат пристап до финансискиот пазар.

– Тоа е доказ дека програмите на ММФ често успеале да го намалат ризикот од неможноста за враќање на долговите, наведува „Мудис“.

Во 2000 година ММФ ја намали помошта, но по избувнувањето на кризата во 2008 година, расте бројот на држави кои примаат помош од Фондот. Сега 60 држави добиваат заеми од ММФ, пред се од Африка.

Четири држави на еврозоната добиваат помош од ММФ – Грција, Ирска, Португалија и Кипар.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ