МОТ: Бројот на невработени во светот годинава ќе се зголеми за 3,2 милиони луѓе

Од:

 Бројот на невработени во светот ќе се зголеми за 3,2 милиони луѓе оваа година, така што вкупниот број на луѓе без работа ќе достигне околу 203,3 милиони луѓе, се наведува во извештајот за вработување, објавен денеска од Меѓународната организација за труд (МОТ), пренесува ИТАР-ТАСС.

Според експертите на МОТ за пет години, односно во 2019 година бројот на невработени се очекува да се зголеми до 213 милиони лица. Главен фактор на овој процес не е влошувањето на глобалната економска ситуација, туку зголемување на економски активното население, особено во земјите во развој.

На високо ниво останува и младинската невработеност, покажуваат објавените податоци. Околу 13 проценти од луѓето на возраст меѓу 15 и 24 години немаат постојани приходи. Тоа е еднакво на 73,6 милиони млади луѓе, што е за 4,1 милион повеќе во однос на 2007 година.

Извештајот е објавен пред претстојната 103-та сесија на Генералната конференција на Меѓународната организација за труд, што се одржува утре.

Би можело да ве интересира

Невработеноста во еврозоната на рекордно ниско ниво од 6,5 проценти

А1он

Невработеноста во САД повторно на најниско ниво во последните 50 години

Невработеноста е на историски најниско ниво од 15,2% објави Владата

Катерина Ѓуровски

До крајот на мандатот невработеноста ќе ја намалиме под 10% најавува премиерот

Катерина Ѓуровски

Влада: 284,9 милиони денари за поддршка на нови 1.216 вработувања во реалниот сектор

А1он

Владата усвои стратегија за вработување која предвидува стапката на невработеност да падне на 11%

А1он