Монти: Следува апокалипса

Од:

Италијанскиот премиер Марио Монти порача дека судсбината на еврозоната ќе биде позната за седум дена и дека постои опасност од „смртоносна спирала“ што може да ја загрози политичката и економска иднина на Европа.

Монти предупредува на „апокалиптичен исход“во случај да пропаднат разговорите кои ќе бидат водени помеѓу челните луѓе на четирите водечки европски земји.

Италијанскиот премиер следната недела ќе разговара со канцеларката Ангела Меркел, со францускиот претседател Франсоа Оланд и со шпанскиот премиер Рахој, во обид да се почне патот кон спас на еврото и еврозоната.

„Доколку нема договр и самитот не успее, притисокот на шпекулантите на поедини земји ќе биде се појак, а најслабите земји би биле драстично загрозени“.

„Ако на самитот не се решат брзо проблемите, мислењето на јавноста но и државата ќе бидат против поголема интеграција“, рече Монти.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он