Момировиќ: Заробени над милион тони јаглен во Бугарија поради прекин на пловидбата на Дунав

Од:

Српскиот министер за градежништво, сообраќај и инфраструктура Томислав Момировиќ денеска изјави дека Дунав е пловен во својот тек низ Србија, но дека прекинот на пловидбата на реката во Бугарија е голем проблем. Поради тоа, заробени се над милион тони јаглен во Бугарија.

– Ние имаме заробени 1,2 милиони тони пченица, 400.000 тони житарици, огромен број суровини за нашата метална и хемиска индустрија, додаде Момировиќ за Радио – телевизија Србија.

Според него, еден речен танкер заменува 144 камиони – цистерни, еден брод што превезува рефус товар заменува 70 камиони.

Тој посочи дека реките се клучни за снабдување и доколку Србија не се вмеша во проблемот што е моментално во Бугарија, „наесен ќе имаме уште поголем проблем“.

Министерот најави договор што ќе биде потпишан утре со бугарската Влада, со што механизацијата на Србија ќе ѝ биде ставена на располагање на Бугарија.

– Заедно со Романците ќе ги извршиме интервентните работи со цел да се обезбеди пловидба на Дунав, не само по водниот пат, туку и пристап до пристаништата и со тоа ќе ги ослободиме не само јагленот, туку и житариците, појасни Момировиќ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

A1on

ЕБОР и Светска банка го поддржаа планот од четири милијарди евра за премин од јаглен на обновлива енергија

A1on

Од полноќ стапува на сила забраната за увоз на руски јаглен во ЕУ

Горан Наумовски

Јовановиќ: Нашите политичари ќе се сетат на зимата по летните одмори

A1on

Ковачевски: Потрошивме 55 милиони евра за досегашните испораки на мазут и јаглен од Грција и Албанија

A1on

Германија ќе престане да купува руски јаглен на 1. август, нафта на 31. декември

Катерина Ѓуровски