ММФ: Трговската војна меѓу САД и Кина е на штета на потрошувачите

Од:

Трговската војна меѓу САД и Кина ќе им наштети на потрошувачите во двете земји, предупреди Гита Гопинат, главен економист во Меѓународниот монетарен фонд.

„Потрошувачите во САД и Кина несомнено ќе бидат во загуба поради тековните трговски тензии”, нагласи таа во порака на блогот на ММФ.

Гопинат посочи дека штетата во економијата ќе биде уште поголема ако се остварат заканите од американскиот претседател Доналд Трамп за наметнување високи царински давачки за целосен увоз на стоки од Кина.

Таа додаде дека ескалацијата на трговската војна меѓу САД и Кина ќе го загрози глобалниот економски раст во 2019 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: САД градат пристаниште за достава на помош во Газа

Катерина Ѓуровски

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

Кина ги отфрли обвинувањата дека ја поддржува руската инвазија на Украина

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски