ММФ: Растот на цената на нафтата во Јордан важен чекор

Од:

Меѓународниот монетарен фонд соопшти денеска дека минатомесечната одлука на Јордан да ја зголеми цената на одредени видови горива и до 53 проценти е важен чекор и покрај насилните протести, во кои загинаа три лица, а повеќе од 70 беа повредени.

– И покрај атмосферата полна со предизвици, властите спроведоа здрава макроекономска политика со цел да се намали фискалната и надворешната нерамнотежа на општествено прифатлив начин. Укинувањето на општите субвенции на сите нафтени деривати е важен чекор, се наведува во соопштението на Фондот.

– Со тоа се намалуваат трошоците и ризиците за буџетот, кои произлегуваат од нестабилните цени на нафтата, додаде ММФ.

Јордан инсистира дека растот на цената бил неизбежен, со оглед на тоа има дефицит на буџетот од пет милијарди долари, додавајќи дека преземените мерки до крајот на годината ќе доведат до заштеда на 42 милиони евра.

ММФ очекува дека просечната инфлација во Јордан оваа година ќе изнесува околу пет проценти.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ