ММФ прогнозира раст од 116,6 отсто на либиската економија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за оваа година прогнозира раст на либиската економија од над 100 проценти, пренесоа светските агенции.

Според ММФ, Либија во 2012 година ќе регистрира раст на бруто домашниот производ (БДП) од 116,6 проценти на одгласите за обновата на земјата од граѓанската војна од минатата година и на растот на профитот од нафта до нивоата од времето на владеењето на Моамер Гадафи.

Прогнозите за следната година се дека ќе има раст од 16,5 проценти.

Либиската економија се намали за цели 60 проценти во 2011 година, која беше одбележена од крвава граѓанска војна што доведе до соборување од власта и убиството на Гадафи.

Имајќи го предвид почнатото нормализирање на извозот, ММФ очекува инфлацијата на потрошувачките цени во Либија годинава да не надмине 10 проценти.

Би можело да ве интересира

Либиските власти пронајдоа речиси 50 тела во две масовни гробници во пустината

Либиски новинар осуден на 15 години затвор

Предраг Петровиќ

Големи загуби во производството на либиската нафтена корпорација

А1он

Прекинот во извозот на нафта Либија досега ја чини 1,3 милијарда долари

Ана Ололовска

ЕУ бара итни реформи од новата либанска Влада

Либија најави драстично намалување на производството на нафта

Ана Ололовска