ММФ очекува длабока рецесија во Русија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува длабока рецесија во Русија поради санкциите што Западот ги воведе кон земјата, предупреди Кристалина Георгиева, шефица на ММФ, пренесе Си-Би-Ес.

-Санкциите нагласено остро влијаат врз руската економија. Да, очекуваме длабока рецесија во Русија. Тоа што Русија не ги исполнува своите обврски веќе не го сметаме за неверојатен настан. Оваа земја има пари за сервисирање на долгот, но нема пристап до нив, изјави Георгијева за Си-Би-Ес.

Шефицата на ММФ додаде дека не гледа предуслови за светската финансиска криза поради настаните во Украина и санкциите воведени кон Русија.

Меѓу можните последици од украинската криза, таа ги спомена гладот ​​во Африка, растот на цените на енергијата, вештачките ѓубрива и металите, како и зголемената инфлација.

-Одвоивме 1,4 милијарди долари за итно финансирање на Украина со отворање посебна сметка во ММФ. Постигнат е договор со украинската Влада и никој друг нема да има пристап до овие пари, објасни Георгиева.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски дрон погоди станбена зграда во Херсон, пет минути пред да започне примирјето

А1он

Антируски наратив има и во Америка и во Европа

А1он

Московски суд го одби барањето на Американецот Дејвид Барнс да биде ослободен од руски затвор

А1он

(ВИДЕО) Трамп: Ако одбијат примирје, глупави се и ќе се повлечеме

(ВИДЕО) Драматично се засилуваат руските напади на Суми: „Луѓето се пакуваат“

Што има во американскиот план за мир: за Украина нема НАТО, главен проблем „петте окупирани територии“