ММФ: Новата антикризна програма за Украина е спроведена со „исклучителен ризик“

Од:

Новата антикризна програма за Украина, која е одобрена вчера од Советот на директорите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), е спроведена со „исклучителен ризик“, кој најмногу произлегува од конфликтот во источниот дел од земјата, изјави заменик директорот на ММФ, Дејвид Липтон.

– Ваквиот ризик може да влијае врз способноста на земјата да продолжи со напорите за стабилизација и врз структурните промени кои се неопходни за обновување на економскиот раст. Од друга страна кризата открива и одлична можност за Владата решително да расчисти со минатото и да започне спроведување на реформаторска и стабилна политика, истакна Липтон.

Советот на директорите на ММФ одобри четиригодишна програма за кредитна помош на Украина во вредност од 17,5 милијарди долари. Пет милијарди долари од оваа сума властите во Киев можат да ги добијат веднаш, а уште толку до крајот на годинава.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ