ММФ не и попушта на Грција

Од:

Meѓународниот монетарен фонд останува на цврстите ставови, Грција мора доследно да ги исполни ветувањатакои ги даде за да ја добие финансиската инекција за преживување. Ова јасно јасна порака ја пренесе првиот човек на фондот, Кристин Лагард, во интервју за лондонски „Гардијан“.

Таа ги повика Грците да си ги платат даноците.

„Грчките родители треба да преземат одговорност, за нивните деца да не бидат погодени од мерките за намалување на државните трошоци. Родителите треба да плаќаат даноци,“ изјави Лагард.

Лагард изјави дека „многу повеќе е вознемирена за судбината на децата во селските училишта во Нигер, кои учат само по два часа во денот затоа што немаат елементрани услови за образование“.

„На нив мислам цело време, затоа што тие повеќе имаат потреба од помош отколку Грција“, децидна е Лагард.

 

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови