ММФ ќе ја снижи прогнозата за раст на светската економија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) наредната недела ќе објави намалување на прогнозата за глобалната економија за оваа и наредната година во рамки на есенската Светска економска прогноза, објави во петокот германскиот печат.

ММФ ќе ја снижи прогнозата за глобалната економија за оваа година на 3,3 отсто, од претходно проценетите 3,4 отсто, објави германскиот деловен весник Хандлесблат.

Како што наведува весникот, ММФ за наредната година ќе излезе со прогноза дека глобалната економија ќе порасне за 3,6 отсто, што е за 0,3 отсто помалку од претходната проценка.

За 17-члената еврозона, ММФ прогнозира пад од 0,4 отсто во оваа година, додека за 2013 година очекува благо закрепнување, со стапка на раст од 0,2 отсто.

Германија би требало оваа и наредната година да оствари раст од 0,9 отсто, при што ММФ ја предупредува владата во Берлин да покрене структурни реформи за да го подигне релативно ниското ниво на инвестиции.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ