ММФ: Италија се залага за поголем долг и стагнација без реформи

Од:

Меѓународниот Монетарен Фонд предвидува дека јавниот долг на Италија ќе продолжи поради хроничниот низок економски раст.

Соочена со највисокиот долг во Европа, земјата имала најголем бенефит од експанзивните монетарни политики на Европската Централна Банка и од релативната политичка стабилност, но таа тоа не го искористила најефикасно.

Од ММФ додаваат дека нејзините трошоци и понатаму се поголеми од нивниот економски раст што форсира издавање на нови обврзници и намалување на инвестициите и потрошувачката.

ММФ ја предупреди Италија дека долговите драстично ќе се зголемат во иднина поради пензиските трошоци. Порано и побрзо, земјата ќе се соочи со неповолен економски шок, се вели во годишниот извештај.

За да се избегне оваа ситуација, од ММФ тврдат дека земјата треба да донесе „сеопфатен пакет на реформи“ за да се либерализира пазарот на трудот како и да се подобри конкуренцијата.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

ВИДЕО: Големо невреме на Алпите, загинаа татко и син кои помагале во спасувањето

(ВИДЕО) Трагедија во Италија – кај градот Соренто пукна кабина на жичарница, загинаа 4 лица

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Хаос на протестот во Рим: Италијански студенти фрлаа јајца кон „метите“ Мелони и Фон дер Лајен

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага