ММФ го предупредува Сингапур поради рестрикциите за вработување на странци

Од:

Меѓународниот монетарен Фонд го предупреди Сингапур дека рестрикциите на бројот на странски државјани што можат да се вработат во оваа богата пет милионска држава можат сериозно да ја загрозат економијата во таа земја.

Во извештајот за економската и финансиската состојба во Сингапур, објавен вчера, ММФ наведува дека смалувањето на дозволите за странски работници и се поголемата просечна старосна граница на вработените, можат да го доведат Сингапур во состојби каде што ќе мора значително да ги зголемува платите на вработените, а тоа, според ММФ ќе ја намали неговата конкурентност на пазарот.

Влијателниот сингапурски весник „Стерјт Тајмс’’ денеска коментира дека и локалните економски аналитичари подолго време ја предупредуваат Владата поради „ризичната“’ политика за ограничување на бројот на странски работници и нејзините барања работодавачите да им дозволат работа и на лица над 70 годишна возраст.

ММФ предупредува дека преселбата на сингапурски капитал во Кина и вложувања во нови фабрики во Азија, што се под кинески менаџмент, може да биде штетно за сингапурската економија, а според ММФ овој процес веќе ги загрозува глобалните развојни планови во Азија и пошироко.

Сингапур сега има 5,3 милиони жители од кои над 65 посто се работно ангажирани.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ