ММФ ги предупредува земјите од еврозоната на сериозни проблеми

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги предупредува 17 земји од еврозоната дека можат да се соочат со сериозни проблеми, доколку не сторат повеќе за да го поттикнат економскиот раст.

ММФ наведува дека земјите кои како валута го користат еврото оствариле напредок на полето на поттикнување доверба во долгорочниот опстанок на монетарната унија.

Заздравувањето, меѓутоа, и натаму е слабо, поради тензиите на финансиските пазари, високите трошоци на задолжување на малите претпријатија во време на економска слабост, како и поради колебање на потрошувачите да трошат, додава Фондот.

Се прогнозира дека економијата на еврозоната оваа година ќе потоне за 0,6 отсто, а ММФ предупредува дека дополнителните негативни трошоци можат сериозно да го загрозат економскиот раст.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ