ММФ ги намали прогнозите за растот на светската економија

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги намали прогнозите за растот на светската економија наспроти падот на цената на нафтата и добрите економски показатели на САД.

ММФ очекува глобалниот економски раст во 2015 и 2016 година да биде 3,5 и 3,7 отсто, што е за 0,3 проценти помалку од претходните прогнози, објавени во октомври. Според најновите податоци, претставени денеска во кинескиот главен град Пекинг, светската економија остварила раст од 3,3 проценти во 2013 и 2014 година.

Според ММФ еврозоната во 2015 и 2016 година ќе има економски раст од 1,2 и 1, проценти, што е намалување од 0,2 и 0,3 отсто во однос на претходната прогноза.

Развиените земји во целина ќе остварат раст од 2,4 проценти во 2015 и 2016 година. Тоа во голема мера се должи на добрите економски индикатори на САД, се наведува во извештајот на ММФ. Најголемата економија во светот ќе оствари раст од 3,6 отсто годинава и 3,3 проценти следната година.

Меѓународниот монетарен фонд со седиште во Вашингтон ги намали прогнозите за економскиот раст во следните две години на Јапонија, Германија, Франција и Италија.

ММФ ги намали прогнозите за економскиот раст и на земјите во развој. Оваа група земји во 2015 и 2016 година се очекува да оствари економски раст од 4,3 отсто и 4,7 проценти соодветно.

Според очекувањата на ММФ растот на кинеската економија, втора по големина во светот, годинава ќе забави на 6,8 проценти, што е најниско ниво во последните 25 години. Падот на кинескиот раст се очекува да продолжи и во 2016 година со прогноза од 6,3 проценти.

ММФ годинава очекува рецесија од минус 3 проценти во Русија, која е тешко погодена од наглиот пад на цената на нафтата и рубљата, како и од санкциите наметнати од Западот. Во 2016 година се очекува руската економија повторно да се најде во рецесија од минус еден отсто.

Меѓународната организација, исто така, ги намали и прогнозите за економскиот раст за Латинска Америка и Карибите, на Блискиот Исток и Северна Африка, како и на Африка јужно од Сахара.

Според прогнозата на ММФ се очекува глобалниот трговски обем да се зголеми во 2015 и 2016 година со 3,8 и 5,3 отсто. ММФ, исто така, ги намали прогнозите за инфлацијата на потрошувачките цени во развиените земји на 1 и 1,5 отсто, а ги зголеми прогнозите за инфлација во земјите во развој и новите пазарни економии на 5,7 и 5,4 проценти.

ММФ очекува светската економија да има корист од падот на цената на нафтата и нискиот курс на еврото и јенот. Сепак, негативните фактори како помалите инвестиции и последиците од меѓународната финансиска криза во 2008 година ќе бидат поголеми од позитивните трендови во изминатиот период, предупредува организацијата.

Според ММФ економијата на еврозоната и Јапонија може да има долг период на низок економски раст и инфлација. ММФ очекува цената на нафтата да остане под 57 долари за барел во 2015 и под 64 долари во 2016 година.

ММФ ги повика владите и централните банки да продолжат со курсот на мека монетарна политика и структурни реформи, со цел да се поддржи еконимскиот раст.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ