ММФ бара ново отпишување на грчкиот долг

Од:

Меѓународниот монетарен фонд се обидува да ги убеди владите на земјите од еврозоната дека е потребно да бидат преземени мерки за ново отпишување на грчкиот долг, пишува американскиот весник „Волстрит журнал“.

Весникот нагласува дека ММФ врши притисок за ново преструктуирање на грчкиот долг и за отпишување до „одржливо ниво“.

Претставници на ММФ изјавија дека Фондот сака да го види грчкиот долг сведен на сто проценти од Бруто домашниот производ на земјата во 2020 година, кога ќе заврши и исплаќањето на заемот кон ММФ во износ од 33 милијарди евра.

Весникот наведува дека се подлабоката рецесија на грчката економија во споредба со првичните пресметки, ги загрижува експертите на Фондот.

– Излегувањето надвор од рамките на програмата за фискална адаптација ја турка Грција кон второ намалување на долгот, нагласува „Волстрит журнал“.

Весникот тврди дека разгледуваните решенија се движат од итно отпишување на грчкиот долг од страна на дел од инвеститорите, варијанта, која ја отфрла Берлин, до индиректно олеснување на кредитниот товар, преку намалување на каматите.

Се проценува дека само каматите, кои Грција треба да ги исплати во следните две години, изнесуваат 39 милијади долари (31,5 милијарда евра).

Третото алтернативно решение, според американскиот весник, кој се повикува на извори од ММФ, е поврзано со директна помош на грчките банки (рекапитализација) од постојаниот механизам за поддршка.

Грчкиот весник „Вима“ пишува дека од страна на ММФ не бил даден никаков коментар во врска со написот на „Волстрит журнал“.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ