ММФ бара Црна Гора да го намали јавниот долг

Од:

Црна Гора мора да преземе мерки насочени кон намалување на нивото на јавен долг, но тие не смеат да бидат креирани за да го загрозат екононскиот раст и развој, соопштено е денеска по средбата меѓу министерот за финансии Радоје Жугиќ и претставници на ММФ.

Жугиќ истакна дека Владата на Црна Гора, со усвојување на буџетот и пакетот мерки за финансиско прилагодување, е на добар пат да оствари придвижување во делот на намалувањето на дефицититот и рамнотежата на јавните финансии.

Според него, тоа се главните приоритети на Министерството за финансии во текот на оваа година.

На средбата, како што е соопштено, станало збор и за нивото на јавниот долг и инсистирањето во што е можно покус рок да се забави динамиката на неговото зголемување, односно да се обезбеди пресврт во трендот на јавниот долг.

Двете страни се согласија дека е неопходно преземените мерки да се насочат кон намалување на нивото на јавниот долг, нагласувајќи дека тие, меѓутоа, не смеат да бидат креирани така што ќе го загрозат економскиот раст и развој, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски