Мисијата на ММФ го поздрави намирувањето на заостанатите обврски

Од:

Мисијата на ММФ го поздрави јавното признание на власта за заостанатите обврски, натамошната транспарентност во однос на состојбата на заостанатите обврски, нивното намирување како и стратегијата на властите за понатамошна превенција.

Ова го оценува Мисијата на ММФ која предводена од Ивана Владкова Холар од 12-ти до 17-ти овој месец престојуваше во Скопје. Целта на посетата беше оценка на економските и финансиските услови како и разговори за економските политики со власта.

– Во 2012 е забележано значително забавување на растот како резултат на слабата домашна и надворешна побарувачка. Активностите се намалија во првата половина на годината но обновената градежна активност придонесе за позитивен тренд во втората половина од годината, при што се очекува растот за целата година да биде нула. Активностите се очекува да се зголемат во 2013 и да се постигне раст од два проценти поттикнат од приливот на странски директни инвестиции и јавни инфраструктурни проекти, наведува ММФ во денешното соопштение.

Според заклучоците на Мисијата надворешната стабилност е задржана и покрај тешката надворешна средина, а неодамнешните странски директни инвестиции во секторот за размена ја зајакнаа флесикбилноста на извозот, при што извозот на нафтени производи се намали за помалку од еден процент во првите десет месеци од годинава споредено со тој период лани. Силните приватни трансфери смета Мисијата на МФМ овозможија да се одржи тековната сметка во 2012 на нешто под три проценти од БДП, а за резервите посочува дека благо пораснаа и остануваат на адекватно ниво од 2,1 милијарда евра.

Влијанието на приходите врз забавувањето годинава како и кумулативно отпочнувањето на глобалната криза е значително, а властите реагираа преку намалување на нивото на трошоци преку ребалансот на буџетите, но дополнителниот притисок како што наведуваат од ММФ од преземените но сеуште небуџетирани трошоци доведе до задоцнување во исплата на обврските. Намалувањето на скорешните финансиски ограничувања дозволи привремено зголемување на таргетот на дефицитот на околу 3,5 проценти од БДП за да може да се овозможи исплата на останатите обврски што е почната од средината на септември.

Народна банка по релаксирање на состојбите на монетарната политика во вториот квартал ја задржа каматната стапка на ниво од 3,75 проценти меѓутоа примени таргетирано намалување на основата на задолжителната резерва со цел да ја поттикне побарувачката за кредити преку создавање услови за намалување на каматните стапки на банките.

Мисијата оценува дека банките остануваат добро капитализирани и ликвидни со целосно резервирани нефункционални кредити, како и со коефициент на кредитите во однос на депозитите на ниво под еден. Смета дека кредитниот раст веројатно ќе остане на умерено ниво во 2013 со оглед на продолжувањето на несигурностите околу состојбите, како и со оглед на одржувањето висока неподготвеност на банките да преземаат дополнителни ризици. И покрај тоа, како што се додава во соопштението, понудата на кредитите не е веројатно да претставува критички ограничувачки фактор врз скорешниот раст кој се очекува да биде примарно поттикнат од странските директни инвестиции и особено од јавните инвестиции финансисирани од надвор.

Рачистувањето на задоцнетите плаќања на јавниот сектор, според Мисијата на ММФ ќе придонесе за поттикнување на ликвидноста и платежната способност на претпријатијата.

Од ММФ посочуваат дека главниот ризик продолжува да го претставува интензивирањето на кризата во еврозоната кое може да доведе до притисоци врз тековната сметка надворешното финансирање и ликвидноста на банките.

Од ММФ сметаат дека властите се целосно претпазливи околу таквите ризици. – Со цел за одржување на финансиската стабилност, тие пристапја кон активности на набљудување  и планирање на мерки за претпазливост иако работат и на поттикнување на надлежностите на НБРМ за преземање на неопходните активности во случај на се уште присутни финансиски потрси. Олеснување на ризиците околу надворешното финансирање, се очекува од комерцијалниот кредит поддржан со гаранција од Светска банка, на почетокот од следнава година.

Следната редовна посета на ММФ е начелно планирана за пролетта 2013 година со цел одржување консултации по Членот 4. Исто така, се очекува раководството на ММФ да препорача Post-Program Monitoring за Македонија т.е. процес на проширен мониторинг наменет за сите земји членки што имаат значителна преостаната финансиска поддршка од ММФ по истекувањето на нивните аранжмани.

Би можело да ве интересира

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА

МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува поттикната од јавните инвестиции, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

ММФ: Доброто водење на монетарната политика придонесе кон намалување на инфлацијата

Горан Наумовски

ММФ: Македонската економија се опоравува, од суштинска важност намалување на емиграцијата и поттикнување на продуктивноста

ММФ ја предупреди Европа: Не се радувајте предвреме

Мицкоски: Поради епската неспособност на Владата имаме двојно промашување од прогнозата на ММФ и за 50% повисока инфлација од државите во ЕУ