Мирјана Андреска нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати

Од:

Мирјана Андреска од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) е избрана за нов претседател на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Таа денеска со мнозинство гласови е избрана на третиот конгрес на КСС. Функцијата ја презема од досегашниот претседател Раско Мишкоски.

За време на петгодишниот мандат Андреска најави дека ќе се обиде преку социјалниот дијалог да се грижи за зачувувањето на работните места, за одржување или пораст на веќе утврдената минимална плата, како и за други прашања што се во интерес на работниците.

– Свесна сум за сегашните проблеми што ги имаат гранските синдикати, меѓутоа сметам дека не постои нерешлив проблем доколу не се сака искрено да се најде решение. Преку социјалниот дијалог што е најважен и еден од начините за разрешување на нашите проблеми ќе се обидеме да изнајдеме било какво решение во корист на работниците, изјави Андреска.

Она што останува како предизвик за идниот период, според Андреска, е и потпишувањето на новиот општ колективен договор за јавниот сектор кој е во завршна фаза и се очекува наскоро да биде потпишан.

Досегашниот претседател Мишковски, набројувајќи ги реализираните активности за време на неговиот мандат, рече дека она што останува се уште нерешено е правичната поделба на синдикалниот имот со кој во моментот стопанисува само еден синдикат.

Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, кој присуствуваше на конгресот, им порача на синдикалните лидери дека Владата останува на определбата за развој и унапредување на функционален и ефикасен социјален дијалог со цел приближување кон европскиот социјален модел.

– Создадени се предусловите за воспоставување, функционирање и јакнење на синдикатите што е еден од значајните фактори за јакнење на социјалниот дијалог. Токму затоа сите заедно треба да ги охрабриме работниците за синдикално организирање. Сметам дека функционирањето на социјалниот дијалог во државата треба да биде важен инструмент и механизам во креирањето и имлементирањето на политиките и мерките во областа на економската и социјалната сфера, рече Ристовски.

Конфедерацијата на слободни синдикати е еден од репрезентативните синдикати во државата.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Народот на минималец, а Слободан Трендафилов синдикалецот на батерии од СДС и Левица со плата од 75.000 денари

Филипче: Власта нема желба да ги покачи платите, затоа партиски го напаѓа Синдикатот

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Мицкоски: Ја разбирам потребата за зголемување на платите, синдикатите да не наседнуваат на политичките кампањи на СДСМ

Дурмиши: Ќе започнеме дијалог за сите отворени прашања и од страна на синдикатите и од страна на работодавачите

Потпишување анекс на Колективниот договор веднаш по формирањето на новата влада, бараат здравствените работници

A1on