МИОА контра КСС: Трансферот од јавен во приватен сектор ќе биде доброволен процес

Од:

Трансферот на вработени од јавниот во приватниот сектор ќе биде исклучиво доброволен процес, никој вработен нема да биде принуден на тоа, потенцира Министерството за информатичко општество и администрација во реакцијата на денешната прес-конференција на Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС).

Обвинувањата од КСС изнесени на прес-конференцијата, според МИОА се неосновани и не се поткрепени со конкретни докази и примери. Тие, како што се наведува во реакцијата, се дел од политизирањето на процесот од страна на КСС во овој предизборен период.

– Со оглед на предизборниот период, сите можности за казни, трансфери, награди… не се активни, што значи дека ова обвинување за притисоци и закани не може никако да се поткрепи со примери од секојдневното работење на институциите. Дополнително, зборуваат за поврзаност на трансферот од јавен во приватен сектор со наводни постапки за дисциплински престап, кои секако се забранети во овој период. Трансферот се уште не е отпочнат низ конкретно предвиден процес, а за утврдување на условите и начинот на којшто ќе се спроведува се разговара со сите засегнати страни, вклучително и со синдикатите за што КСС се свесни и се во тек. Разговорите ќе продолжат да бидат инклузивни и одлуката ќе се донеси заеднички, нагласуваат од МИОА.

За МИОА нелогични се и обвинувањата дека анкетните листови се користат како механизам за притисоци и уцени затоа што анкетниот лист е менаџерска алатка за оптимизација на кадри за ефективна и професионална јавна администрација и не се поврзани со вработувањата во јавната администрација.

– Анкетниот лист не е дискрециско право на раководителот и тој не може паушално и самоволно да го пополнува. На тој процес секако претходи спроведена функционална анализа и годишно планирање за вработување, велат од МИОА, додавајќи дека очигледно КСС е единствениот синдикат кој е против покачување на платите во јавната администрација штом ги критикува потпишаните колективни договори.

Би можело да ве интересира

Левица пред КСС ја претстави трудова програма

А1он

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка за протестот на КСС пред Собрание

Горан Наумовски

КСС на протест пред Собрание поради носењето на Законот за административни службеници

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе 40-тина амандмани за пакетот закони од МИОА, од кои 21 за Законот за административни службеници

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on