Министерство за земјоделство институција со највисоко ниво на транспарентност

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е најтраспарентна државна институција според Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои имателите на информации се обврзани да ги објават на своите веб-страници на Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Според резултатите од мониторингот, на врвот на листата за проактивно транспарентни институции, со 100% проактивна транспарентност, е Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство. На листата потоа следуваат и Министерството за одбрана, а по нив Министерството за финасии и Царинската управа.

Како позитивен дел во извештајот се истакнува дека веб страната на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство има лесен и пристапен начин на достапност, на информациите од јавен карактер, од интерес на барателите.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство втора година, по ред, покажува најдобра проактивна транспарентност во однос на членот 10 од Законот за СПИЈК, заедно со Министерството за одбрана, институции кои имаат континуитет во својата транспрентност и отвореност кон барателите на информации.

Проактивната транспарентност подразбира навремено објавување на информациите од јавен карактер од страна на институциите, кои тоа го прават по сопствена иницијатива, пред од нив да бидат побарани по усмен, писмен или електронски пат, преку јасни, транспарентни и лесно достапни веб-страници кои ги содржат сите информации од значење за граѓаните.

Проактивното објавување на информации од јавен карaктер претставува законска обврска на сите иматели, самоиницијативно и континуирано на своите веб локации да ги објавуваат информациите за својата работа и делување, за носење одлуки, финансиите и за услугите кои ги даваат на граѓаните

Целта на мониторингот е да се детектираат состојбите во спроведувањето на обврската на имателите на информации од јавен карактер за проактивно објавување на 22-те категории на информации на нивните веб-страници.

Оваа оценка за министерството е уште една потврда за отворениот и траспарентен процес на работа, редовно и навремено информирање на граѓаните за мерките и политиките на министерството, како и директното вклучување на земјоделците при креирањето на мерките за поддршка на секој еден земјоделец, се вели во соопштението од министерството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Петрушевски: Дали Љупчо Дон Николовски дозволил пуштање во промет на брашно од над 2 милиони евра без за истото да бидат уредно платени контролните марки

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Трипуновски: Лошите политики на претходниот министер земјава ја направија увозно зависна од храна

ВМРО-ДПМНЕ: Дон Николовски спиел во хотели каде ноќевање е стотина евра, тој лаже кога вели дека платил поевтино

Предраг Петровиќ