Министерство за транспорт: СДСМ се обидува да ја минира гасификацијата

Од:

Проектот за гасификација ветен во Програмата на оваа Влада почна да се реализира. Наспроти ова, енергетската политика што ја спрoведуваше СДСМ во време на своето владеење само придонесе граѓаните да плаќаат високи цени за електричната енергија, наведува Министерството за транспорт и врски во реакција на СДСМ за процесот на гасификација.

Според Министерството за транспорт, физибилити студијата за Националниот гасоводен систем за која, како што наведува, „СДСМ од ракав изнесува бројки и цени“ е јавно достапен документ. – Лажните тврдења за милионските цени за изработка на физибилити студијата е само доказ дека СДСМ се обидува да ја минира гасификацијата на државата, а со тоа и да оневозможи граѓаните и сите економски субјекти да дојдат до поевтин енергенс, наведува Министерството за транспорт.

Изградена е, посочува Министерството, магистралата Клечовце –Штип, почна да се гради магистралата Штип-Неготино,  а во најскоро време ќе почне и изградба на магистралите Неготино-Битола и Скопје-Гостивар.

– Во наредниот период ќе се изградат и магистралните делници Гостивар –Кичево,  делница Штип – Хамзали – Струмица – Гевгелија како и  крак за ТЕЦ Неготино. Паралелно со изградба на овие делници кои се дел од националниот гасоводен систем, МЕР ќе подготви и проектна документација и за следните делници: крак за Свети Николе – Велес во должина од 27 километри, крак за Гевгелија во должина од 7 километри, крак за Демир Капија во должина од 12 километри, Вршаково-Кочани-Разловци во должина од 66 километри, крак за ТЕЦ Осломеј во должина од 3 километри, крак за Пробиштип во должина од 13 километри, Кичево – Охрид – Струга во должина од 63 километри, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

Божиновска: Целосната гасификација на државата претставува столб во стратегијата за енергетска транзиција

Ковачевски: Гасификацијата станува реалност, завршени се градежните работи на гасоводот Неготино-Кавадарци-Битола

Владата одобри да се донесе законско решение за репрограмирање на кредитните услови за заемот за гасификација

А1он

ВИДЕО: Македонија официјално се вклучува во проектот Александруполи

Ана Ололовска

Бочварски: Гасификацијата на сите општини ќе чини околу 350 милиони евра

Битиќи – Реџепи: Гасификацијата се одвива по предвидената динамика

Ана Ололовска