Минималната плата во Франција ќе се зголеми за 1,8 отсто на 1 јануари 2023 година, достигнувајќи 1.353 евра

Од:

Инфлацијата во Франција поттикна ново зголемување на минималната плата, која, автоматски, ќе се зголеми за 1,81 отсто во јануари, соопшти денеска Министерството за труд, јави дописникот на МИА.

Минималниот нето месечен износ од 1 јануари 2023 година ќе изнесува 1.353,07 евра. Тоа е месечен пораст од 24 евра, а за 84 евра повеќе во однос на 1 јануари 2022 година – зголемување од 6,6 отсто за една година, соопшти Министерството за труд. Во бруто, месечниот Smic ќе ја помине границата од 1700 евра (1709,28 евра). Минималната саатница ќе изнесува 11,27 евра, што е зголемување за 20 центи во однос на сегашното ниво.

Ова зголемување е автоматски, пресметано секоја година според два критериуми: инфлација забележана за 20 отсто од домаќинствата со најниски приходи и половина од добивката во куповната моќ на основната саатница за работниците и вработените. Според својата политика, владата нема да даде дополнителен „поттик“ на минималната плата на 1 јануари.

Таа ја следи препораката на панелот економисти со кој се консултира пред секое зголемување. Во својот последен извештај, групата експерти со која претседава Гилберт Сет ја советуваше владата да не дава „поттик“, како што секогаш правеше од нејзиното прво мислење во 2008 година.

Севкупно, во услови на висока инфлација, Смиц (Минималната плата) беше ревалоризирана за 5,6 отсто во 2022 година, со зголемување на 1 јануари, 1 мај и 1 август. По новото зголемување на 1 јануари 2023 година, „не може да се исклучи минималната плата да знае, во 2023 година, една или повеќе инфрагодишни ревалоризации“, потврдија од групата економисти. Ревалоризацијата всушност може да има и во текот на годината штом инфлацијата надмине 2 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт