Минимален данок за мултинационалните компании: Франција и Германија подготвени да дејствуваат без Унгарија

Од:

„Даночната правда мора да биде приоритет за Европската Унија. Ќе воведеме минимално оданочување од 2023 година, било преку Европа или на национално ниво“, вети францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, јави дописникот на МИА.

Пет европски земји, меѓу кои и Франција и Германија, денеска ја потврдија својата желба да го спроведат минималниот данок од 15 отсто на профитот на мултинационалните компании од 2023 година, додека Унгарија го блокира усвојувањето на оваа реформа на ниво на ЕУ.

„Доколку не се постигне едногласност (во рамките на 27-те) во наредните недели, нашите влади се (…) подготвени да спроведат минимално оданочување во 2023 година и со сите можни правни средства“, велат во заеднички текст, министрите за финансии на овие земји од ЕУ, во кои спаѓаат и Шпанија, Италија и Холандија.

„Даночната правда мора да биде приоритет за Европската Унија. Ќе воведеме минимално оданочување од 2023 година, било преку Европа или на национално ниво“, вети францускиот министер Бруно Ле Мер, на иницијатива на текстот објавен за време на неформалниот состанок со неговите колеги во Прага.

„Во Германија донесовме одлука да го имплементираме минималниот данок на национално ниво (…) доколку нема европски договор за оваа точка“, рече германскиот министер за финансии Кристијан Линднер.

Минималното глобално корпоративно оданочување е, според петте земји, е „клучен лост за зајакнување на даночната правда преку поефикасна борба против даночното избегнување и затајување“. Будимпешта го блокира транспонирањето во европскиот закон на минималниот данок од 15% на профитот на мултинационалните компании, историски проект одобрен минатата година од речиси 140 земји – вклучително и Унгарија – под покровителство на ОЕЦД, по пет години дебата. Неопходно е едногласно гласање на 27-те земји-членки за да се потврди директивата подготвена од Европската Комисија.

Прво таа беше блокирана со месеци од Полска, која конечно го укина противењето. Но, Унгарија, која се согласи на гласањето на почетокот на април, стави вето во јуни, наведувајќи го влијанието на војната во Украина врз економијата. Будимпешта е осомничен дека бара зелено светло од ЕУ за нејзиниот план за закрепнување, обдарен со 7,2 милијарди евра субвенции, сè уште блокиран поради недоволната борба против корупцијата. Глобалниот минимален данок е само еден дел (познат како столб 2) од договорот на ОЕЦД.

Првиот столб, кој особено ги таргетира дигиталните гиганти, предвидува оданочување на компаниите каде што ги остваруваат своите профити за да се стави крај на одредени практики на даночно затајување. Потребен е меѓународен договор кој сè уште не е финализиран.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат