Милер: Проблемите со транзитот на гас во Европа остануваат

Од:

Украина може да се соочи со недостиг од гас во текот на зимскиот период, бидејќи и недостигаат финансии во износ од 800 милиони долари, изјави директорот на „Газпром“, Алексеј Милер.

Во тој случај според него може да се појават проблеми со транзитот на гас во Европа.

Тој посочи дека во моментов изворите на финансирање не се конкретно одредени со никаков документ.

– Конкретната сума потребна за целосно снабдување на подземните складишта на гас е до 800 милиони долари, прецизираше Милер, изразувајќи надеж дека доколку се појават случаи на незаконско земање на гас од транзитните гасоводи, сите страни ќе можат да се состанат и оперативно да го решат тој проблем.

Милер нагласи дека спогодбата за доставување на две милијарди кубни метри гас не гарантира дека Украина ќе има средства да ги плати дополнителните доставки во текот на зимата.

Русија, Украина и Европската унија парафираа вчера спогодба за обезбедување на доставки на руски гас за Украина во текот на зимскиот период. Според Европската комисија за претстојниот зимски период Украина ќе има потребна од дополнителни девет до 12 милијарди кубни метри гас, додека „Газпром“ оценува дека земјата ќе има потреба од дополнителни пет до седум милијарди кубни метри.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Ќе се покачи цената на струјата поради таксата од Бугарија за рускиот гас

A1on

Бектеши: Ако Бугарија ни наметне такса за рускиот гас, ќе бараме оштета

A1on

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Путин потпиша нов указ: На Гаспром му се забранува да купува природен гас поскап од редовните цени

А1он

Германскиот увозник „Унипер“ го тужи „Газпром“ за неиспорачување гас

Газпром нема да ја прекине испораката на гас за Молдавија

А1он