Мицкоски: Поради антимакедонската влада бизнисот во Македонија плаќа и до двапати повисока цена за струја од бизнисот во регионот

Од:

Антимакедонската влада преку окупираните институции го предаде стопанството, бизнисот и на директен начин граѓаните во Македонија. Наместо план, поддршка и стратегија за помош на стопанството и бизнисот, понудија нова енергетска кризна состојба за да можат преку притисоци да влијаат кои фирми, преку ноќ отворени ќе набавуваат јаглен, мазут и струја. Наместо помош за стопанството и бизнисот продолжија да крадат во услови кога никогаш не било потешко. Ќе користат како изговор дека секаде е енергетска криза во Европа, но вистината е дека продржавни влади се грижат за бизнисот и граѓаните и со јасни политики нудат решенија, вели во својот фејсбук статус лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дека Владата не ја говори вистината и го предаде бизнисот говори податокот на EUROSTAT за втората половина од 2021 година и цените кои ги плаќал бизнисот за струја, имено македонскиот бизнис ја плаќал струјата по цена од 144,5 €/MWh а бизнисмените во регионот за истиот период според EUROSTAT ги плаќале следните цени:

Црна Гора 79,2 €/MWh
Србија 104,8 €/MWh
БиХ 84,7 €/MWh
Турција 86,9 €/MWh
Косово 73 €/MWh

Заклучок: Бизнисот во Македонија плаќа и до двапати повисока цена за струја од бизнисот во регионот. Антимакедонската влада преку окупираните институции ја намалува ликвидноста за стопанството и преку заеми од домашни банки, обврзници и други гимнастики го финансира грабежот под изговор за енергетска кризна состојба. Наместо банките да го финансираат бизнисот за да го преживее овој тежок период со меки кредитни линии поддржани од владата, антимакедонската влада и тие малку слободни средства на банките ги заробува за да го финансира грабежот во РЕК Битола со ископот, јагленот и мазутот.

п.с. До антимакедонската влада: Нема потреба за надменост и иронични глупави шали за транспорт на гас со авиони. Сигурно никој до сега не ви кажал за energy swap и hedge-ирање, но дечки сега е доцна за оваа есен и зима. Служите за потсмев во Европа и пример како една влада не треба да работи. Подгответе се за тешка есен и пеколна зима. Не слушавте во април/мај кога требаше наместо игнорирање и надменост да покажете одговорност. Уште еден совет, сега се подготвува за следната година, за следната есен и зима, ако не знаете отстапете на тие што знаат, да не ви бидат изговор тие 61 во парламентот кои узурпираат државно земјиште и вработуваат до петто колено па поради антимакедонските привилегии ве поддржуваат. Покажете државност барем еднаш во вашиот живот!“, напиша Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Мицкоски: Разликата по вчерашниот изборен ден е цунамито кое се крева, народот се излеа и тој бран на промени ќе ја порази оваа власт

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски му врати на Ахмети: Многу брзо од денес и кексито и млекото ќе ти преседнат

Мицкоски: „Платформа 1198″ е светилник на надежта, најдобрата изборна програма досега – за преобликување на иднината и јасна траекторија за успех на државата

Горан Наумовски

Мицкоски: Се чувствува дека Силјановска Давкова ја има довербата од граѓаните, се ближи крајот на принципот на ДУИ и СДСМ како до сега

Предраг Петровиќ