Мицкоски: Наводното поевтинување на производите за 10% наидува на потсмев кај граѓаните бидејќи знаат дека тоа е невистинито

Од:

„Производите се двојно поскапи поради лошите политики на Владата и ненавремените мерки. И тоа што можам да го забележам се незадоволни граѓани, несреќни граѓани и посиромашни граѓани“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес од Охрид одговарајќи на новинарско прашање.

Мицкоски додаде дека оваа Влада наместо да помага на народот, таа краде од истиот тој народ.

„Од друга страна гледаме побогата Влада и побогати функционери, затоа што наместо да работат и да му помагаат на народот тие одлучиле да крадат од истиот тој народ. И се додека така се однесуваат да крадат од истиот народ овој начин на манипулирање како што тие го прават со некое си наводно поевтинување за 10-тина проценти делува невистинито и впрочем е невистинито. И од она што можам да го слушнам од граѓаните наидува на потсмев, но од друга страна го зголемува гневот на граѓаните поради лошите политики кои што оваа Влада ги води“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој и порача на Владата да се зафати со работа за ова кратко време што и преостанува, затоа што секој ден изминат значи дека Владата на СДСМ е поблиску до нејзиниот крај.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки

Горан Наумовски

Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Мицкоски од Тетово: Во рамките на проектот за 250 милиони евра за инфраструктурен развој на општините дел ќе се инвестира и во општините во западна Македонија

Мицкоски од Гостивар: ДУИ ги злоупотребува Албанците, врз митот за права направија милиони, ќе одат во опозиција и ќе одговараат за криминалот