Мицкоски: Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки

Од:

Во предвечерието сме на финалната одлука дали Македонија ќе му ја вратиме на народот или ќе остане заробена, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на завршниот митинг во Прилеп на Коалицијата „Твоја Македонија“.

-Оваа нашата Македонија е градена на темелите на Илинденците, од солзите и лелекот на нашите мајки. Ова е можеби последната шанса зашто духовните темели станаа приватни. Ве повикувам сите да излезете на изборите за да не не уценуваат, рече Мицкоски.

И ќе потсетам дека оваа наша Македонија е создадена од надежите, страдањата и сонот на плејада генерации кои се вградија во темелите кои не држат и во најсилните потреси. Тие темели се полевани од борбата на илинденците, од перата и зборот на преродбениците, од солзите и лелекот на македонските мајки, од надежта на младите. Затоа ви велам ова е можеби последната шанса да ја спасиме Македонија и да ја вратиме на народот“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски продолжи и додаде:

„Тие од власта ја одземаа. Направија системот да им служи на ним, а не на народот. Државните тендери станаа приватни. Најповторуваното чувство кај народот е дека нема систем, нема држава. Затоа што се создаде еден апарат воден од ДУИ, а опсулужуван од СДСМ кој ја потопи Македонија во криминал и корупција“, посочи Мицкоски.

Претседателот Мицкоски укажа на тоа дека власта се прогласила себе си за европејци, само за да не се збори за криминалот, а еден метар не мрдна за придвижување кон Европа.

„Се потплаќа за здравствен преглед, се фаќаат врски за образование, за добивање на субвенции. Не доведоа буквално до работ. Создадоа еден димен облак, спротстрија една завеса која им се вика Европската Унија. Се прогласија себе си за европејци, само и само да не се збори за криминалот, а еден метар не мрднаа и не не’ придвижија кон Европа. И од Европска Унија се срамат кога гледаат дека Артан и Бујар ги бранат. Додека за тоа зборат го посрамотија со штетни одлуки и договори секое национално чувство на Македонецот. Се однесуваат кон Македонија, нацијата и идентитетот како да сме некаков хибрид. Дека немаме спомени, дека немаме паметници и херои. Дрво без корен. А тоа е само затоа што не сакаат да погледнат околу себе“, дециден е Мицкоски.

Нема социјалдемократски планини, и вмровски реки, нема градови и села на ДУИ, или на Алијанса и Беса, или Алтернатива, нема езера на Левица или на Знам, тоа е една единствена наша преубава татковина Македонија. Нема социјалдемократска или вмровска Македонија. Има само една Македонија. И ова е говорено многупати претходно но никој за жал ништо не преземал, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

„И се додека тоа не го разбереме сите, и одговорно се однесуваме кон тоа, затоа што е крајно време, и ова е ми се чини е нашата последна шанса, се до тогаш за жал, не е можен просперитет. Мора да разбереме дека има само една Македонија и сите сме нејзин составен дел и дека таа не е ништо без нас и ние без неа, и дека од тоа каква е и каква ќе биде, зависат нашите животи и животите на идните генерации“, додаде Мицкоски.

Тој исто така додаде дека шансата за да се промени лошата реалност е на дофат со овие избори и треба само да веруваме дека можеме заедно.

„Сето тоа зависи од нас. Имаме шанса и таа е на дофат, со овие избори. Мора само да веруваме дека можеме заедно. Да веруваме во Македонија и во нас самите. Но сакам да истакнам пред овие парламентарни избори и втор круг на претседателски избори, додека стоиме на работ од овој историски момент, јас сум благодарен и со надеж“, потенцираше Мицкоски и додаде:

„Во текот на целата кампања патувавме заедно водени од заедничката визија за посилна, попросперитетна иднина за нашата нација. Ја презентиравме нашата програма Платформа 1198, која е сериозна програма со многу проекти кои треба да ја променат лошата реалност и да донесат ред и развој, и да ја вратат државата во рацете на граѓаните. Ние ветуваме работа и тоа макотрпна и посветена работа. Ќе работиме деноноќно за вас и ќе се бориме за вас. Ние се обврзуваме и даваме збор дека нема да ве изневериме. Патот ќе биде тежок, но нема пречка што заедно нема да можеме да ја надминеме. Имаме знаење, визија, концепт како да одиме напред. Нашите политички противници ги знаете, видовте што може од нив да очекувате и не сакам ова обраќање до вас да го обременувам зборувајќи за нив. Се знаете, се е кажано, за жал сите живеевме во реалноста на нивната неспособност и алчност“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 1 од ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Претседателот Мицкоски посочи дека треба да се искористи овој момент со храброст, одлучност и гордо крената глава.

„Но, сега, додека стоиме на прагот на новото поглавје во приказната на нашата нација, да го искористиме овој момент со храброст и одлучност, и со гордо крената глава да ги победиме заедно“, рече Мицкоски.

Претседателот Мицкоски истакна дека победата е на дофат.

„Нашата победа е на дофат. Тоа ќе биде и ваша победа. Заедничка победа. Но не е доволно само да веруваме во подобро утре. Мора да дејствуваме. Мора да се мобилизираме и да гласаме. За да немаат можност да не уценуваат никогаш повеќе! За Македонија да биде повторно наша, Македонија повторно да биде горда, Гордана Силјановска Давкова за претседател, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ идна влада“, дециден е Мицкоски.

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска Давкова рече дека ќе биде претседател на сите граѓани.

-Сите ние да направиме заеднички исчекор, нов АСНОМ, четвртиот Илинден. Во овие 30 години, особено во овие мачни седум години се изнагледавме чудни нешта. На 8 мај да ја повториме лекцијата од 24 април. Народот легитимира и делегитимира. Да поставиме темел за горда Македонија. На 9 мај ќе почне нова демократска историја и не дозволувајте оние кои повикуваат на бојкот да го суспендираат вашето право на глас на избор, рече Давкова.

Би можело да ве интересира

СИРИЗА за изјавата на Мицкоски: Го осудуваме новото провокативно прекршување на Договорот од Преспа

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судски совет и Совет на јавни обвинители, наша цел е комплетна автономија на правниот систем без влијание од политика

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник, а продолжуваат и разговорите со идните потенцијални партнери како коалицијата Вреди

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Мицкоски на средба со коалицијата „Твоја Македонија“, во разговори за формирање на идна влада

Горан Наумовски

Мицкоски: До 28 мај има можност коалицијата „Твоја Македонија“ да консолидира 61 пратеник

(ВИДЕО) Мицкоски: Успеавме, Македонија победи – Ќе одговараат од првиот до последниот!

Анита Петровска Рајковиќ