МФ: Советот за развој на пазарот на капитал усвои концепт за подготовка на Стратегијата за либерализација и развој на финансиските пазари

Од:

Подготовка на Стратегија за либерализација и развој на финансиските пазари и прашањето околу регулацијата на употреба на криптосредствата беа главните теми на кои се дискутираше на денешната седница на Советот за развој на пазар на капитал, со кој претседава министерот за финансии Фатмир Бесими.

-Стратегијата ќе придонесе за правилно насочување на понатамошниот развој на финансиските пазари и нивна либерализација, а на нејзино изготвување работи работна група составена од претставници од Министерство за финансии, Министерство за економија, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Македонска берза и Централен депозитар за хартии од вредност документ, велат од Министерството за финансии.

Оттаму истакнуваат дека целта е подигнување на улогата и значењето на пазарот на капитал, либерализација на финансиските пазари, како и зголемување на придонесот на пазарите на хартии од вредност во растот на БДП. Додека активностите и мерките се насочени кон домаќинствата, компаниите, институционални инвеститори, инфраструктура и банки.

На денешната седница бил усвоен концептот за подготовка на Стратегијата за либерализација и се дале насоки на работната група за продолжување на активностите за финализирање на Стратегијата. Истата се очекува да биде финализирана до крајот на оваа година.

Стратегијата ќе дефинира рокови, носители на активностите и очекувани документи кои се однесуваат на посебните мерки, како и акциски план за нејзино спроведување.

На седницата било отворено и прашањето за потребата од регулирање на виртуелните средствата, познати како криптовалути. Пред членовите на Советот биле претставени досегашни активности поврзани со законското уредување на виртуелните, односно крипто-средства во РС Македонија, како и понатамошни активности поврзани со активностите за законско уредување на виртуелни односно крипто – средства

-Некои држави имаат донесено законски решенија за регулирање на виртуелните средства, се со цел да привлечат инвеститори во виртуелни средства и да се отворат за иновативната технологија врз основа на која се создадени овие средства. Во Република Северна Македонија првпат со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам се среќаваат виртуелните средства само од аспект на активности поврзани со спречување перење пари и финансирање на тероризам, велат од Министерството за финансии.

Ова е втора седница на Советот, кој ги интензивира активностите, а чија цел е да даде придонес во изнаоѓање вистински решенија за натамошен раст и развој на пазарот на капитал преку заеднички напори и меѓусебна размена на искуства и идеи.

Совет за развој на пазарот на капитал ја следи состојбата на пазарот на капитал и предлага мерки за обезбедување на негов континуиран раст и развој. Го сочинуваат министерот за финансии д-р Фатмир Бесими, кој е и претседател на Советот, а членови се претставници на Министерството за економија, Комисијата за хартии од вредност, Народната банка на Република Северна Македонија, Агенцијата за супервизија на осигурување, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување, Македонска берза АД Скопје, Централен депозитар на хартии од вредност АД Скопје и претставник на стопанските комори.

Би можело да ве интересира

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on

МФ: Заокружена финансиската конструкција за изградба на Гасниот интерконектор со Грција, обезбедени 98,6 милиони од ЕБОР

МФ: Се проширува поддршката од Трезорот на САД – Нов Договор за зајакнување на капацитетите за надзор над небанкарскиот финансиски сектор

МФ: Конзистентноста во политиките, напорите за фискална консолидација и економски раст потврдени од „Стандард и Пурс“, задржан кредитниот рејтинг