МФ: Со уредба се регулира секоја фирма да може да доставува фактури по електронски пат

Од:

Со донесена уредба од страна на Владата, а во насока на превенција од Ковид-19, се овозможува секоја фирма да издава фактури во електронска форма, ПДФ, без разлика дали е потпишана со дигитален сертификат или не, до своите клиенти, соопштија од Министерството за финансии.

Од Министерството наведоа дека на тој начин компаниите ќе се ослободат од потребата за печатење и достава на фактури во услови на намалени ресурси и дополнително ќе се стимулира промена на навиките за во иднина.

– Доколку компанијата поседува email или контакт телефон од купувачот ќе може да почне да му ги испраќа фактурите по електронски пат. Доколку не поседува ќе продолжи да ги испраќа во печатена форма по пошта на тие приматели. Примачот на фактурата, доколку не сака да добива сметка/фактура по електронски пат во рок од 10 дена од приемот ќе може да информира дека претпочита хартиена форма. Доколку не одговори ќе се смета дека се согласил. Фактурата во електронска форма ќе мора да ги содржи сите елементи за цели на ДДВ, образложија од Министерството за финансии.

Имено, како што истакнаа од Министерството опцијата за печатена фактура за оние граѓани и фирми кои го преферираат тоа и понатаму е отворена.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Осигурувањето за регистрација сепак поскапува: Премијата останува иста, повисоки се трошоците на осигурителните компании

A1on