Меркел: Германија има интерес од континуиран економски развој во Турција

Од:

Германија има „стратешки интерес” од стабилен економски развој во Турција, изјави германската канцеларка Ангела Меркел во интервју за германската телевизиска станица Ер Те Ел.

Меркел рече дека Германија и Турција треба да го зајакнат дијалогот и соработката и покрај несогласувањата што ги имаат околу бројни политички прашања.

– Германија има стратешки интерес од стабилен економски развој во Турција. Ако дејствуваме на начин кој ќе ја ослабне Турција, тоа нема да биде во наш интерес, рече таа.

Изјавата на канцеларката доаѓа во услови кога, според медиумите, Берлин бара начини да и помогне на Турција да ги надмине економските потешкотии.

Меркел, исто така, ги отфрли критиките од страна на германските опозициски партии за планираната посета на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган на 28 и 29 септември.

– Не можеме секогаш да размислуваме за светот во црно-бело, тоа не е реалност, рече таа.

Меркел додаде дека германско-турските односи се „посебни” поради повеќе од три милиони Турци што живеат во Германија.

Би можело да ве интересира

Порака од Германија: Сакаме да ја видиме Северна Македонија во ЕУ, сега е важно да се продолжи со уставните измени

Во Диселдорф експлодираше киоск, загинаа три лица, 16 се повредени

Горан Наумовски

Во Германија: Маж сексуално злоставувал девојче во двор на училиште

Германските тајни служби ќе можат да ја следат АфД за екстремистички активности

Горан Наумовски

Мистериозна смрт на девојче во Германија

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски